Дигитализација на општинските совети во време на Ковид-19

Продолжувањето со работа во услови на Ковид-19 е предизвик за сите организации, вклучително и за општинските совети. Но, благодарение на ангажманот на швајцарскиот проект „Зајакнување на општинските совети“ спроведен од УНДП, ЗФР (Здружението на финансиски работници) и ЗЕЛС, Владата на Северна Македонија издаде Уредба со која се овозможува користење на дигитални алатки за организирање на седници на општинските совети. Некои општински совети во земјата успешно ја искористија оваа можност и ја продолжија својата работа преку онлајн седници на советите.

Општинските совети во Тетово, Битола и Центар се само неколку од советите во земјата кои навремено усвоија нови технологии и ја трансформираа нивната работа онлајн за ефикасно да одговорат на потребите на граѓаните на локално ниво во овие тешки времиња.

Покрај онлајн седниците, проектот досега понуди неколку е-алатки кои им се на располагање на одреден број општини, овозможувајќи им подобро да ја извршуваат својата функција и да го зголемат нивото на транспарентност на општинските совети воопшто.

На следното видео можете да видите како општинските совети успеаја да ја продолжат својата работа онлајн и како ги употребуваат другите е-алатки што им се достапни преку проектот „Зајакнување на општинските совети“