Преку Форумите во заедниците кои се оддржаа во Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, граѓаните од овие општини, заедно со претставниците на локалната власт, ги избраа проектите кои ќе се имплементираат во нивните заедници во текот на наредните 6 месеци.

????????????????????

Низ четирите форумски сесии оддржани во текот на ноември и декември 2018 година, со предлог иницијативи за реализација на приоритетни проекти, покрај граѓаните, настапија и граѓанските и младинските организации, бизнис секторот, како и претставниците од образованието и социјалната заштита. По предложените иницијативи и дискусијата за секоја од нив, учесниците на Форумите ги избраа проектите за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините. Избраните проекти имаат за цел подобрување на социјалните услуги за најранливите категории граѓани, со кои подеднакво се решаваат потребите на мажите и жените и различните етнички групи.

Така, во општина Велес, ќе биде реализиран проект за олеснување на пристапот за лицата со попреченост до локалните институции, училиштата и улиците. Понатаму, во општините Свети Николе и Струмица, ќе бидат реконструирани детски градинки, додека пак во општина Валандово учесниците на Форумите дадоа поддршка на проект за воспоставување на ИКТ лаборатории и училишен медиум.

Во општините Чаир и Охрид пак, ќе бидат реализирани проекти за олеснување на пристапот на лицата со попреченост до општината, институциите и просториите во општинската зграда. Дополнително, во општина Чаир, ќе биде реализиран и проект со кој ќе се подобрат пристапот и условите за настава на децата со попреченост во неколку основни училишта.

rsz_forumi_1

Форумите во заедниците се дел од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети” со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Во наредните две години, овој проект ќе вклучи дополнителни 18 општини кои ќе бидат избрани низ јавни повици.

Вкупно 1.2 милиони швајцарски франци се резервирани за мали грантови наменети за реализација на приоритетни иницијативи во сите 24 општини кои ќе учествуваат во проектот.