Презентирани годишниот и полугодишниот извештај за финансирање на општините

На 24 декември 2020 година се оддржаа посебни онлајн состаноци на Комисијата за финансирање на ЗЕЛС како и на Комисијата за следење на развојот на системот на финансирање на ЕЛС на кои што учествуваа градоначалници, претставници на линиските министерствапретставници на ЗЕЛС и на УНДП.

На состаноците се презентираа наодите и препораките од годишниот извештај за 2019 и полугодишниот извештај за 2020 година за развојот на системот за финансирање на општините кои што во континуитет се подготвуваат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од страна на УНДП.

Извештаите ги презентираше Проф. д-р Борче Треновски, национален консултант – експерт за општински финансии, по што присутните дискутираа и беа утврдени повеќе заклучоци и препораки.

Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините предлага мерки за подобрување на системот на дотации, ја следи транспарентноста на процедурите и нивна доследна реализација при распределбата на средствата од дотациите, и изготвува полугодишни и годишни извештаи за развојот на системот за финансирање на општините во кои утврдува предлози за подобрување на системот.