Uncategorised

Избрани првите проекти кои ќе се имплементираат во рамките на Програмата за Зајакнување на општинските совети

Преку Форумите во заедниците кои се оддржаа во Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, граѓаните од овие општини, заедно со претставниците на локалната власт, ги избраа проектите кои ќе се имплементираат во нивните заедници во текот на наредните 6 месеци.

????????????????????

Низ четирите форумски сесии оддржани во текот на ноември и декември 2018 година, со предлог иницијативи за реализација на приоритетни проекти, покрај граѓаните, настапија и граѓанските и младинските организации, бизнис секторот, како и претставниците од образованието и социјалната заштита. По предложените иницијативи и дискусијата за секоја од нив, учесниците на Форумите ги избраа проектите за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините.

Успешно комплетирана Програмата за развој на капацитетите на општинските советници од шест општини

Со последната обука наменета за советниците од општините Чаир и Охрид, викендов во Скопје, завршува спроведувањето на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници од општините Велес, Свети Николе, Струмица, Валандово, Чаир и Охрид.

Изминатите осум месеци советниците од овие општини ги подобруваа своите знаења и вештини на 11 теми поврзани со јавното финансиско управување на општините, менаџментот со човековите ресурси, просторното и урбаното планирање, иновациите во управувањето, меѓуопштинската и меѓуетничката соработка, родовата рамноправност и доброто управување на локално ниво.

Вкупно 80 советниците кои учествуваа на тренинг-обуките добија и сертификати за успешно комплетирање на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници.

Во Велес и Охрид продолжуваат обуките за општинските советници

Претстојните два дена, во Велес и Охрид, продолжуваат обуките наменети за општинските советници. Советниците од Свети Николе и Велес ќе ги подобруваат своите знаења од областа на просторното и урбаното планирање во општините, додека пак советниците од Чаир и Охрид ќе ги зајакнуваат своите капацитети на теми поврзани со родовата рамноправност и меѓуетничката соработка на локално ниво.

chair.ohrid

Во меѓувреме, советниците од општините Струмица и Валандово го завршија вториот циклус обуки и со тоа станаа првите советници кои ја комплетираа Програмата за развој на капацитетите на општинските советници.

Претходно, советниците од овие шест општини,

Урбанизмот и просторното планирање во општините – тема на новата обука за советниците

Со обука на тема „Просторно и урбано планирање во локалната самоуправа“, викендов во Струмица продолжува циклусот обуки наменети за советниците од општините Струмица и Валандово.

Истовремено пак, во Велес, советниците од оваа општина и советниците од Свети Николе ќе ги подобруваат своите знаења и вештини на теми поврзани со родовата рамноправност и меѓуетничката соработка, додека пак во Охрид, советниците од општините Чаир и Охрид, ќе ги зајакнуваат свите капацитети преку обуки од областите на менаџментот на човечките ресурси, иновациите во управувањето и меѓуопштинската соработка.

ohrid_chair

Претходно, советниците од овие шест општини, успешно ја завршија првата фаза обуки на теми од јавниот финансиски менаџмент во општините и доброто владеење на локално ниво.

Продолжуваат обуките за советниците, овојпат во фокусот се родовата рамноправност и меѓуетничката соработка на локално ниво

Со обуки од областите на родовата рамноправност и меѓуетничката соработка, денес во Струмица продолжува циклусот обуки наменети за советниците од општините Струмица и Валандово. Истовремено, во Велес, советниците од оваа општина и советниците од Свети Николе ќе ги подобруваат своите знаења и вештини на теми поврзани со менаџментот на човечките ресурси, иновациите во управувањето и меѓуопштинската соработка.

Покрај овие обуки, во наредните два месеци, советниците од општините Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, ќе ги зајакнуваат своите капацитети и на теми поврзани со урбанизмот и просторното планирање на локално ниво.

gender equality2

 

Започна втората фаза обуки за развој на капацитетите на општинските советници

Со обуки од областите на менаџмент на човечки ресурси, иновации во управувањето и меѓуопштинска соработка, денес во Струмица започна втората фаза обуки наменети за општинските советници.

Покрај овие, во наредните два месеци, советниците од општините Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, ќе ги подобруваат своите знаења и вештини и на теми поврзани со урбанизмот и просторното планирање, меѓуетничката соработка и родовата рамноправност на локално ниво.

objava

Претходно, советниците од овие шест општини, успешно ја завршија првата фаза обуки на теми од јавниот финансиски менаџмент во општините и доброто владеење на локално ниво.

ЈАВЕН ПОВИК за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети“

Главната цел на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации, е да ги зајакне општинските совети да станат поефективни и автономни тела и подобро да се справуваат со влијанието на извршната власт преку соодветно исполнување на својата уставно доделена улога за одлучување, надзор и застапување. За возврат, овие напори ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста на градоначалникот кон Советот и на општината кон граѓаните, и ќе се подобрат условите за живот во локалната заедница преку успешно спроведување на приоритетни проекти на заедницата.

ДЕВЕТ ОПШТИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ 558,000 УСД КАКО ДЕЛ ОД ШВАЈЦАРСКА ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

Скопје, 13 септември 2018

 

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, денес во Скопје се одржа работилница на која присуствуваа повеќе од 70 претседатели на општински совети и дискутираа за начините да се направи локалната власт поинклузивна, потранспарентна и отчетна.

На овој настан, организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), беше објавен и јавниот повик за учество на општините во проектот „Зајакнување на општинските совети“.

IMG_8376

Со овој проект се веќе опфатени шест општини: Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово и Велес. Уште 9 општини ќе бидат избрани преку компетитивен процес во ноември 2018,

Вкупно 80 советници од 6 општини успешно ја завршија првата фаза обуки за развој на капацитетите на општинските советници

Со обуката спроведена за советниците од општините Охрид и Чаир на тема финансиска контрола и ревизија во единиците на локалната самоуправа, изминатиот викенд заврши првата фаза од Програмата за развој на капацитетите на општинските советници.

Низ обуки кои ги спроведе тим од експерти изминатите три месеци, вкупно 80 советници од Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид ги подобруваа своите знаења на теми од јавниот финансиски менаџмент во општините, истовремено стекнувајќи нови вештини за зајакнување на улогата на советите во доброто управување на локално ниво.

Cair - Ohrid 1

Втората фаза од Програмата за развој на капацитетите на општинските советници продолжува во Септември,

Во Охрид и Велес се одржуваат шестите по ред обуки за членовите на општинските совети

Во наредните два дена, во Охрид и Велес, продолжува да се спроведува Програмата за развој на капацитетите на општинските советници за советниците од 6 општини.

Низ обуки кои ќе ги спроведе тим од експерти, советниците од општините Охрид и Чаир ќе ги подобрат своите вештини при анализирањето на финансиските извештаи на единиците на локалната самоуправа. Истовремено пак, советниците од општините Велес и Свети Николе, ќе учат како да ја подобрат финансиската контрола и ревизија во општините.

Ohrid

Покрај овие, програмата вклучува и обуки на други теми од јавниот финансиски менаџмент, просторното и урбано планирање,