Организирана обука за општинските советници и финансиски работници за усвојување на годишната сметка и годишниот извештај на општините

На 24 февруари 2020 година, беше организирана он-лајн обука за општинските советници на тема: Улогата на општинските советниците при усвојувањето на годишната сметка и годишниот извештај на општината.

Главни цели на обуката беа да се разменат знаења, искуства и добри практики помеѓу советниците со цел да се подобри улогата на општинските совети при усвојувањето на годишните сметки и извештаи на општините, да се подобри знаењето и ефикасноста на советите во овие области од нивна надлежност, како и да се подобри соработката помеѓу советниците и општинската администрација при финансиското работење на општините.

На обуката која беше организирана од страна на Здружението на финансиски работници (ЗФР), присуствуваа над 50 учесници од триесетина општини во земјава, вклучувајќи претседатели на совети, советници, претседатели на комисии за финасии и буџет, како и вработени во општинските администрации одговорни за финансиското работење на општината. Учесниците на обуката имаа прилика подетално да се запознаат, но и да дискутираат за целиот процес на подготовка и усвојување на годишната сметка и годишниот извештај на општината.

Обуката е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка а го спроведува УНДП во соработка со национални и локални партнери.