Во организација на Министерството за локална самоуправа и УНДП викендов во Маврово, претставници на ЗЕЛС, градоначалници, претставници на надлежни министерства и експерти разговараа за процесот на децентрализација и за подобрувањето на функционалноста на општините.

На форумот учествуваа и претседателите на советите на Куманово, Битола и Центар кои ги споделија своите ставови и очекувања околу подобрување на улогата на општинските совети во процесот на децентрализација.

Дијалогот меѓу централната и локалната власт го поздрави и заменичката на постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ.

На форумот се разговараше и за механизмите и капацитетите на општините за граѓанско учество и развој на локалната демократија, како и за статусот и за начините на подобрување на функционалнаста на месната самоуправа.