Јавен повик за општини за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“

Како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ се објави првиот Јавен повик за избор на општини кои ќе се вклучат во проектните активности. Партнерските општини ќе бидат избрани врз основа на претходно утврдени критериуми.

 

Главна цел на проектот е развој на локалните самоуправи преку зајакнување на капацитетите на општинските совети, поголема транспарентност и отчетност на општините и активно граѓанско учество во носењето одлуки на локално ниво. Проектот го спроведува УНДП во партнерство со Швајцарската амбасада и со Министерството за локална самоуправа.

 

Повеќе детали за проектот и постапката за аплицирање на општините се достапни на линкот долу:

Линк до повикот за учество на македонски јазик

 

Јавниот повик е достапен и на албански јазик на следниот линк:

Линк до повикот за учество на албански јазик