Работилница за подготовка на Компаративната студија за улогата на општинските совети

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, на ден 14 јуни (среда), во хотелот Арка во Скопје, ќе се оддржи Работилницата за подготовка на Компаративната студија за улогата на општинските совети.

Целта на настанот е да обезбеди форум за релевантните засегнати страни да разговараат за нацрт студијата подготвена од страна на меѓународниот експерт, како и да им овоможи да ги искажат своите искуства, да разговараат за главните предизвици и да ги споделат своите идеи за подобрување на улогата и надлежностите на општинските совети во нашата држава, со цел истите да бидат искористени при подготовката на финалната верзија од Компаративната студија за улогата на општинските совети.

Работилница, исто така, ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со искуствата на другите земји-членки на Европската Унија, земјите од поширокиот регион на Југоисточна Европа, како и соседните земји во однос на нивните институционални рамки и практики поврзани со улогата и надлежностите на општинските совети.

Најпосле, целта на оваа работилница е да придонесе кон зајакнување на врските и соработката помеѓу националните и локалните власти, невладините организации и другите релевантни институции при решавањето на прашањата поврзани со статусот на општинските совети.