Претставена Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија во периодот 2021 – 2024

Уште од 1992 година, Швајцарија ја поддржува Северна Македонија во политичкиот, општествениот и економскиот развој.

Преку многубројните проекти и програми, меѓу кои и онаа за зајакнување на општинските совети, Швајцарија придонесува кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на нашата држава, зајакнување на демократските институции и пракси, промовирање на инклузивен економски раст, како и заштита на природните ресурси.

На видеото подолу, можете накусо да се запознаете со целите на Швајцарската програма за поддршка на земјава во периодот 2021 – 2024 година.

https://www.facebook.com/SwissEmbassySkopje/videos/1162124394241779