Во Скопје, над 150 градоначалници и претседатели на совети дискутираа за унапредување на децентрализацијата

На 21 и 22 ноември во Скопје се одржа годишната конференција за децентрализација и локално управување: „Јакнење на заедниците – нов импулс за децентрализацијата“.

Конференцијата беше отворена од страна на премиерот Зоран Заев, а на неа учествуваа и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, Нарине Сахакјан, градоначалници од земјите во регионот, како и над 150 градоначалници и претседатели на општински совети од државата.

Целта на конференцијата беше да се разменат мислења за унапредување на системот на локалната власт преку продлабочување на децентрализацијата и пренесување на нови надлежности од централно на локално ниво.

На конференцијата, меѓу другото, беа презентирани и нацрт извештајот за реализацијата на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015 – 2020, годишниот извештај за приходите и расходите на општините во државата, како и резултатите од најновата анкета за задоволството на граѓаните од локалните услуги.

Покрај податоците и извештаите за статусот на децентрализацијата во државава, на дводневниот настан во Скопје беа организирани неколку панел дискусии на кои гостите-градоначалници од регионот споделија добри практики на употреба на иновации во локалната самоуправа, решенија за одржлив локален развој и користење на меѓуопштинската соработка како ефикасен начин за подобрување на ефикасноста во испораката на услуги за граѓаните. Покрај овие теми, панел дискусиите се осврнаа и на родовата еднаквост на локално ниво, особено од аспект на улогата на жените во локалниот развој и нивното учество во процесот на носење политики на локално ниво.

Дводневната конференција „Јакнење на заедниците – нов импулс за децентрализацијата“ е дел од проектот „Подобрување на локалното владеење“ кој го спроведува УНДП и е финансиски подржан од Европската Унија.

Видео: Зајакнати капацитети на советниците и финансиска поддршка за приоритетни проекти во заедницата

Во изминатите 3 години, околу 200 советници од вкупно 15 општини директно вклучени во проектот Зајакнување на општинските совети ги зајакнаа своите знаења и капацитети во 11 области од надлежност на локалната самоуправа.

Истовремено, преку проектот, во тек е и реализација на приоритетни проекти избрани преку Форумите во заедницата каде граѓаните, низ консулативен процес во 4 форумски сесии, директно избраа проекти за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините.

За овие и останатите резултати од досегашната имплементација на проектот Зајакнување на општинските совети, можете да се информирате од видеото подолу.

„Зајакнување на општинските совети“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

ЈАВЕН ПОВИК за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети“

 

Главната цел на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации, е да ги зајакне општинските совети да станат поефективни и автономни тела и подобро да се справуваат со влијанието на извршната власт преку соодветно исполнување на својата уставно доделена улога за одлучување, надзор и застапување. За возврат, овие напори ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста на градоначалникот кон Советот и на општината кон граѓаните, и ќе се подобрат условите за живот во локалната заедница преку успешно спроведување на приоритетни проекти на заедницата.

За времетраењето на проектот 2016 – 2020 година, вкупно 24 општини ќе бидат директно вклучени во спроведување на проектот. Од август 2016 год., досега во проектот директно се вклучени петнаесет општини кои што беа избрани во рамките на подготвителната фаза на проектот во 2015 година, како и на првиот јавен повик спроведен во 2018 година. Овие општини беа избрани преку креирање на примерок на различни типови на општини и истите опфаќаат урбани и рурални општини, различен број на жители, општини од различни региони, општини раководени од позиција и опозиција, општини со негативни ревизорски извештаи, општини со блокирани сметки, итн.

Преку овој повик за изразување на интерес за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети“, ќе се изберат дополнителни 9 општини кои ќе бидат вклучени во проектот од ноември 2019 година.

Времетраењето на активностите со новите девет селектирани општини е 14 месеци, и истите е предвидено да започнат со имплементација во ноември 2019 год., и да завршат во декември 2020 год.

Општините кои изразуваат желба да поднесат пријави за изразување на интерес за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети“ можат да ги преземат оперативните насоки заедно со пријавата на следниот линк.

Пријавите мора да се добијат на рака, по пошта, или по курир на долунаведената адреса:

Канцеларија на УНДП – Проект „Зајакнување на општинските совети“
ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот, бр. 23, Скопје.

Со цел пријавите да бидат евалуирани за прифаќање, истите мора пристигнат на горенаведената адреса најдоцна до 10 октомври 2019 година до 16:00 часот.

ДЕВЕТ ОПШТИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ 558,000 УСД КАКО ДЕЛ ОД ШВАЈЦАРСКА ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

Денес во Скопје се одржа работилница на која присуствуваа повеќе од 60 претседатели на општински совети кои дискутираа за начините како да се подобри системот на локалната самоуправа во пресрет на тековниот процес на унапредување на децентрализацајата во земјава.

На овој настан, организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), беше објавен и јавниот повик за учество на дополнителни 9 општини во проектот „Зајакнување на општинските совети“ во кој веќе се вклучени 15 општини: Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово, Велес, Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци и Могила.

Општините кои ќе бидат избрани ќе добијат обуки кои што ќе им помогнат на општинските советници поефективно да ги надгледуваат локалните буџети и подиректно да комуницираат со граѓаните при утврдување на приоритетите за трошење на буџетски средства на општината.

На овој начин, проектот има за цел да ја зајакне позицијата на општинските совети во демократското носење одлуки на локално ниво, каде што традиционално градоначалниците имаат доминантна улога, и да се осигура дека секој општински денар е потрошен ефикасно и транспарентно.

Досега, над 200 советници од 15 општини успешно ги комплетираа обуките во 11 области од локалната самоуправа кои се во надлежност на општинските совети.

Општинските совети кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат по 62,000 УСД за проекти од јавен интерес кои се утврдени како приоритетни од страна на граѓаните. Токму низ оваа поддршка веќе се реализираат вкупно шест проекти во исто толку општини насочени кон подобрување на социјалните услуги наменети за граѓаните.

Во општините Свети Николе и Струмица се реконструираат детски градинки, додека пак во општина Велес се олеснува пристапот за лицата со попреченост до локалните институции, училиштата и улиците. Истовремено, во општина Валандово се воспоставуваат ИКТ лаборатории, а во општините Охрид и Чаир се олеснува пристапот на лицата со попреченост до општината, институциите и просториите во општинската зграда. Дополнително пак, во општина Чаир, се реализира и проект со кој ќе се подобрат пристапот и условите за настава на децата со попреченост во неколку основни училишта.

Зајакнувањето на општинските совети е проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Преку Facebook и YouTube, општинските совети поблиску до граѓаните

Oпштините Велес, Струмица, Валандово и Свети Николе од неодамна започнаа да ги пренесуваат во живо седниците на советот на социјалните мрежи Facebook и YouTube.

Преносот на седниците на советите е дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“ која предвидува поддршка во висина од 12,000 швајцарски франци за реализација на проекти кои ја подобруваат транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во процесот на носење политики на локално ниво.

Во наредниот период, седниците на советите на Facebook и YouTube ќе започнат да ги пренесуваат и општините Чаир, Охрид, Кавадарци, Кочани, Могила, Брвеница и Желино.

Дел од општините одлучија поддршката од програмата да ја искористат за реализација на проекти кои вклучуваат изработка на информатички технологии за зајакнување на комуникацијата помеѓу општинските советници и граѓаните, зголемување на транспарентноста на општината, како и за олеснување на пристапот на граѓаните до документите кои ги издава општината.

Во 2020 година, програмата ќе вклучи дополнителни 9 општини кои ќе бидат избрани низ јавен повик кој ќе биде објавен во текот на месец септември, 2019 година.

Покрај поддршката наменета за подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините, вкупно 1.2 милиони швајцарски франци се резервирани за мали грантови наменети за реализација на приоритетни иницијативи во сите 24 општини кои ќе учествуваат во програмата до крајот на 2020 година.

„Зајакнување на општинските совети” е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци која што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Продолжена соработката помеѓу UNDP и UN WOMEN за зајакнување на капацитетите на општинските советници

Вчера се одржа координативна средба помеѓу проектните тимови на UN WOMEN и UNDP на која се разговараше за претстојните активности во рамки на проектот Зајакнување на општинските совети.

Меѓудругото, се дискутираше и за синергијата помеѓу проектите на двете организации за да се постигне поголемо влијание врз креирањето на политиките на локално ниво.

Проектните тимови заеднички работат во зајакнување на капацитетите на општинските совети и другите чинители во областите на доброто управување и родово одговорното буџетирање.

Во Маврово одржан форум за продлабочување на децентрализацијата и подобрување на функционалноста на општините

 

Во организација на Министерството за локална самоуправа и УНДП викендов во Маврово, претставници на ЗЕЛС, градоначалници, претставници на надлежни министерства и експерти разговараа за процесот на децентрализација и за подобрувањето на функционалноста на општините.

На форумот учествуваа и претседателите на советите на Куманово, Битола и Центар кои ги споделија своите ставови и очекувања околу подобрување на улогата на општинските совети во процесот на децентрализација.

Дијалогот меѓу централната и локалната власт го поздрави и заменичката на постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ.

На форумот се разговараше и за механизмите и капацитетите на општините за граѓанско учество и развој на локалната демократија, како и за статусот и за начините на подобрување на функционалнаста на месната самоуправа.

 

Нови девет општини вклучени во Програмата за Зајакнување на општинските совети

Општините Куманово, Центар, Гостивар, Желино, Брвеница, Струга, Могила, Кочани и Кавадарци се новите девет општини кои се вклучуваат во програмата за зајакнување на општинските совети откако беа избрани преку јавен повик за учество на кој аплицираа 48 единици на локалната самоуправа во државата.

Во наредните 18 месеци, околу 150 советници од овие општини ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која вклучува обуки на вкупно 11 теми од јавниот финансиски менаџмент, просторното и урбано планирање, како и на теми поврзани со иновациите во управувањето, меѓуопштинската соработка и родовата рамноправност на локално ниво.

Struga2-min

Истовремено, секоја од деветте општини ќе има можност да искористи грант во висина од 50.000 швајцарски франци за проекти кои ќе бидат избрани низ директна консултација со граѓаните преку Форумите во заедниците. Проектите кои ќе бидат финансирани преку програмата ќе имаат за цел подобрување на социјалните услуги за најранливите категории граѓани, со кои подеднакво се решаваат потребите на мажите и жените и различните етнички групи во заедницата.

Дополнително, секоја од овие општини ќе добие финансиска поддршка во висина од 12.000 швајцарски франци наменети за воведување на иновативни алатки за подобрување на отчетноста, транспарентноста и учеството на граѓаните во работа на општинските совети.

Во 2020 година, програмата ќе вклучи дополнителни 9 општини кои ќе бидат избрани низ јавен повик кој ќе биде објавен во текот на оваа година.

„Зајакнување на општинските совети” е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци која што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Вкупно 1.2 милиони швајцарски франци се резервирани за мали грантови наменети за реализација на приоритетни иницијативи во сите 24 општини кои ќе учествуваат во програмата до крајот на 2020 година.

Избрани првите проекти кои ќе се имплементираат во рамките на Програмата за Зајакнување на општинските совети

 

Преку Форумите во заедниците кои се оддржаа во Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, граѓаните од овие општини, заедно со претставниците на локалната власт, ги избраа проектите кои ќе се имплементираат во нивните заедници во текот на наредните 6 месеци.

????????????????????

Низ четирите форумски сесии оддржани во текот на ноември и декември 2018 година, со предлог иницијативи за реализација на приоритетни проекти, покрај граѓаните, настапија и граѓанските и младинските организации, бизнис секторот, како и претставниците од образованието и социјалната заштита. По предложените иницијативи и дискусијата за секоја од нив, учесниците на Форумите ги избраа проектите за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините. Избраните проекти имаат за цел подобрување на социјалните услуги за најранливите категории граѓани, со кои подеднакво се решаваат потребите на мажите и жените и различните етнички групи.

Така, во општина Велес, ќе биде реализиран проект за олеснување на пристапот за лицата со попреченост до локалните институции, училиштата и улиците. Понатаму, во општините Свети Николе и Струмица, ќе бидат реконструирани детски градинки, додека пак во општина Валандово учесниците на Форумите дадоа поддршка на проект за воспоставување на ИКТ лаборатории и училишен медиум.

Во општините Чаир и Охрид пак, ќе бидат реализирани проекти за олеснување на пристапот на лицата со попреченост до општината, институциите и просториите во општинската зграда. Дополнително, во општина Чаир, ќе биде реализиран и проект со кој ќе се подобрат пристапот и условите за настава на децата со попреченост во неколку основни училишта.

rsz_forumi_1

Форумите во заедниците се дел од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети” со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Во наредните две години, овој проект ќе вклучи дополнителни 18 општини кои ќе бидат избрани низ јавни повици.

Вкупно 1.2 милиони швајцарски франци се резервирани за мали грантови наменети за реализација на приоритетни иницијативи во сите 24 општини кои ќе учествуваат во проектот.

Успешно комплетирана Програмата за развој на капацитетите на општинските советници од шест општини

Со последната обука наменета за советниците од општините Чаир и Охрид, викендов во Скопје, завршува спроведувањето на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници од општините Велес, Свети Николе, Струмица, Валандово, Чаир и Охрид.

Изминатите осум месеци советниците од овие општини ги подобруваа своите знаења и вештини на 11 теми поврзани со јавното финансиско управување на општините, менаџментот со човековите ресурси, просторното и урбаното планирање, иновациите во управувањето, меѓуопштинската и меѓуетничката соработка, родовата рамноправност и доброто управување на локално ниво.

Вкупно 80 советниците кои учествуваа на тренинг-обуките добија и сертификати за успешно комплетирање на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници.

Sertifikat-1

Обуките ги спроведе тим од триесетина експерти и поранешни советници ангажирани и координирани од страна на Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија (ЗФР).

Обуките се дел од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети” со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Во наредните две години, овој проект ќе вклучи дополнителни 18 општини кои ќе бидат избрани низ јавни повици.

Покрај обуките наменети за советниците, вкупно 1.2 милиони швајцарски франци се резервирани за мали грантови наменети за реализација на приоритетни иницијативи во сите 24 општини кои ќе учествуваат во проектот.