Повик за ангажман на поранешни советници во улога на обучувачи

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија – Велес (ЗФР), учествува во спроведување на активности утврдени во проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза на имплементација (Empowering Municipal Councils – Implementation Phase)“, финансиран од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), Швајцарска амбасада и интегрално спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП – канцеларија Скопје. Главната цел на овој проект е да се зајакнат и поддржат советите на единиците на локалната самоуправа и да станат поефикасни и независни тела за подобра примена на нивната улога на надзор и застапување, со што ќе се овозможи локалната самоуправа да ја подобри отчетноста и ефективноста во исполнувањето на потребите на граѓаните.

За спроведување на дел од проектните активности ЗФР има потреба од ангажирање на десет обучувачи – поранешни членови на општински совети, кои во моментов се членови на општински совети или во претходните мандати биле членови на општински совети, а нема да бидат избрани како членови на општински совети на претстојните локални избори. Овие лица ќе треба да дадат практичен инпут во еден од следните области/модули:

  • М1: Улогата на општинските совети во доброто управување,
  • М2: Усвојување на буџетот,
  • М3: Управување со обврски (и долгови), набавки и приходи,
  • М4: Финансиски извештаи за ЕЛС и нивна анализа,
  • М5: Финансиска контрола и ревизија,
  • М6: Управување со човечки ресурси во ЕЛС;
  • М7: Примена на иновативни пристапи за работа на општинските совети;
  • М8: Родови прашања;
  • М9: Меѓуетнички односи;
  • М10: Меѓуопштинска соработка; и
  • М11: Просторно и урбано планирање.

Детално објаснувања на работната задача, односно деталниот опис на работната задача со информации за потребните квалификации и критериуми за избор може да се најдат во Објаснувањето приложено подолу.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да доставите кратко мотивациско писмо и Вашата ажурирана биографија со фотографија, информација за модулот/областа на која аплицираат и референта листа за ангажман на слични проекти и детали за контакт од клиенти не подоцна од 25 август 2017 г. (петок), на следнава имејл адреса: zfr.veles@gmail.com