Видео: Учеството на граѓаните ја направи општинската зграда во Охрид достапна за лицата со попреченост

Учеството на граѓаните е камен-темелник на демократијата, особено на локално ниво. Со активно вклучување на своите граѓани во процесот на донесување одлуки, локалните власти стекнуваат кредибилитет и доверба, но исто така стануваат поподготвени за спроведување на политики чијашто важност инаку може да се занемари. Еден пример за ова се преземените активности за подобрување на пристапноста на општинската зграда на Охрид за лицата со физичка попреченост.

Со поддршка на програмата на Швајцарската амбасада „Зајакнување на општински совети“, спроведена од УНДП, граѓаните на Охрид избраа проект за инсталирање на нов лифт, специјално дизајниран за потребите на лицата со физичка попреченост во општинската зграда на општина Охрид. Скалите што водат до главната сала исто така беа реконструирани, така што лицата со ограничена подвижност сега можат полесно да пристапат до општинските служби и состаноци. Главната сала, исто така, беше реновирана за да се обезбедат подобри услови за работа за сите.

До крајот на 2021 година програмата „Зајакнување на општинските совети“ ќе поддржи 24 општини со вкупно 1.200.000 швајцарски франци за спроведување на проекти, приоретизирани од граѓаните преку Форумите во заедницата.