Видео: Зајакнати капацитети на советниците и финансиска поддршка за приоритетни проекти во заедницата

Во изминатите 3 години, околу 200 советници од вкупно 15 општини директно вклучени во проектот Зајакнување на општинските совети ги зајакнаа своите знаења и капацитети во 11 области од надлежност на локалната самоуправа.

Истовремено, преку проектот, во тек е и реализација на приоритетни проекти избрани преку Форумите во заедницата каде граѓаните, низ консулативен процес во 4 форумски сесии, директно избраа проекти за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините.

За овие и останатите резултати од досегашната имплементација на проектот Зајакнување на општинските совети, можете да се информирате од видеото подолу.

„Зајакнување на општинските совети“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.